Шамијата причина за отказ во Германија

48 годишната палестинска стажиерка уште на крајот на првиот работен ден била отпуштена од работа бидејќи носела шамија на главата

558985
Шамијата причина за отказ во Германија

Елизабет Херцог фон дер Хејде градоначалничка на Лукенвалде град во провинцијата Брандербург во Германија, ја отпуштила од работа 48 годишната палестинска стажиерка уште на крајот на првиот работен ден бидејќи носела шамија на главата.

Во соопштението кое го објавила граодначалничката Хејде напишала дека една административна зграда треба да биде неутрална како надвор така и внатре, и дека токму поради тоа побарала од Хеиде да не работи покриена со шамија.Носењето шамија претставува поглед на свет и како таква се коси со неутралноста на општината. Во општината на ѕидовите не се поставени крстови,додава Хеиде.

Палестинската жена била ангажирана 6 недели во општината Лукенвалде во проект посветен на бегалците и изјавила дека не сака да ја открие главата во присуство на мажи.Таа потоа била отпуштена од работа бидејќи во општината немало друга работа за неа.

Пратеникот од ЦДУ партијата во покраинското собрание на Брандербург Свен Петке ја критикувал градоначалничката Хеиде велејќи дека нејнината одлука нема законска основа.

 



Слични вести