Северна Кореја изврши проба на ракета

Пробата на ракетата беше извршена во знак на реакција на двонеделната воена вежба на силите на Јужна Кореја и САД

558289
Северна Кореја изврши проба на ракета

Северна Кореја изврши проба на ракета во знак на реваншизам на заедничката воена вежба на САД и Јужна Кореја.

Според соопштението обајвено од страна на Командата на армијата на јужна Кореја, ракетата беше исфрлена од подморница пред крајбрежјето на градот Синпо.

Ракетата со дострел од 500 км падна во близината на воздушно одбранбената граница на Јапонија.

Пробата на ракетата беше извршена во знак на реакција на двонеделната воена вежба на силите на Јужна Кореја и САД која започна на 22 август.

Властите на Северна Кореја истакнаа дека цел на вежбата е инвазија на Северна Кореја.

Експертите пак истакнуваат дека успешните проби на подводните ракети и проектили ќе предизвика закана за безбедноста на регионот.



Слични вести