САД продолжува со силна поддршка на турската влада

Посетата на Бајден пред се ќе претставува значаен показател за сојузниците на САД во Турција

557638
САД продолжува со силна поддршка на турската влада

Белата куќа соопшти дека САД продолжува со силна поддршка на турската влада

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст рече дека потпретседателот Џо Бајден во рамките на претстојната посета на Анкара ќе ја повтори силната американска поддршка на демократската влада на Турција.

Ернст на прес конференцијата рече дека посетата на Бајден пред се ќе претставува значаен показател за сојузниците на САД во Турција и потсети на обидот за воен удар на 15 јули во Турција и острата американска осуда на обидот за воен удар.

Бајден на разговорите ќе го изрази задоволството од чекорите што ги фрли Турција во борбата против ДЕАШ, рече Ернст и додаде дека надлежните ги анализираат материјалите кои им беа доставени во врска со екстрадицијата на Фетулах Ѓулен, челникот на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) на Турција.

Екстрадицијата на Ѓулен на Турција не е едноставна одлука која ќе ја донесе само претседателот, рече Ернст и потенцираше дека екстрадицијата на Ѓулен е поврзана за билатералниот договор меѓу САД и Турција за екстрадиција.

На дневниот ред на брифингот на Џош стана збор и за информациите за бомбардирањето на Турските вооружени сили на позициите на терористичките организации ПЈД и ДЕАШ на северот на Сирија.

Факт е дека Турција е изложена на закани од екстремизам и тероризам рече портпаролот на Белата куќа Џош и потенцираше дека САД ја подржува Турција во борбата против тероризмот.

Борбата против ДЕАШ треба да претставува приоритет за сите, подвлече Ернст.

На прашањата во врка со 5 годишната граѓанска војна во Сирија, Ернст одговори дека руската воена поддршка на режимот во Сирија уште повеќе го продлабочува хаосот во Сирија. Тешко е да се поверува дека Руското раководство навистина води борба против ДЕАШ и екстремизмот.

Ернст рече дека руската политика кон Сирија уште од почетокот се коси со активностите што ги презема во оваа земја и дека тоа неколкупати јавно го изнеле.

Русите треба да ја променат својата стратегија, рече Ернст.

Во меѓувреме, утврдени се и деталите во врска со посета на потпретседателот Бајден на Турција.

Потпретседателот Бајден денес најпрвин ќе го псоети претседателот на Големото национално собрание на Турција Исмаил Кахраман и ќе одржат средба зад затворени врати. Нешто потоа Бајден ќе ја посети зградата на Собранието која беше бомбардирана на 15 јули.

Во дворецот Чанкаја Бајден ќе одржи билатерална средба со премиерот Бинали Јидлирим а потоа во претседателскиот дворец ќе биде примен од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

По средбата затворена за печатот, Бајден во вечерните часови ќе ја напушти Турција.



Слични вести