Израелски авиони повторно ја гранатираа Газа

Портпарол на израелската армија соопшти дека израелски бомбардери синоќа ги гаѓале позициите на Хамас во северот на Газа

556808
Израелски авиони повторно ја гранатираа Газа

Портпарол на израелската армија соопшти дека израелски бомбардери синоќа ги гаѓале позициите на Хамас во северот на Газа

Израелските воздухопловни сили синоќа оствариле неколку нови напади на подрачјето на појасот Газа, а истото го сториле и вчера во доцните попладневни часови.

Во армиското соопштение се подвлекува дека синоќешните напади биле одговор на вчерашниот ракетен напад на јужниот израелски град Сидерот.

Претходно израелската армија соопшти дека една истрелана  ракета од Газа вчера паднала во ненаселените полиња околу Сидерот,а дека потоа израелските сили возвратиле со жестоки напади на неколку локалитети на Газа.

Досега ниту една палестинска фракција не ја прифати одговорноста за вчерашниот напад на Сидерот, што Израел го смета како повод за ракетирање на Газа.

Цели на израелските напади биле камповите на Бригадите Ал Касам воено крило на Хамас.



Слични вести