Пожарот во Калифорнија делумно под контрола
Шумскиот пожар веќе неколку дена како пустоши низ пределите на Јужна Калифорнија

Силниот шумски пожар кој ја зафати државата Калифорнија во САД делумно бил земен под контрола,јавуваат американските моедијуми.
Шумскиот пожар веќе неколку дена како пустоши низ пределите на Јужна Калифорнија.
Противпожарните екипи досега успеале да земат под контрола околу две третини од опожарените шуми, така на десетици иљади жители им било дозволено да се вратат во домовите.
Сепак на одредени критични места пламените јазици голтаат се пред себе.Досега околу 100 куќи целосно изгореа во пожарот.
Уште 7000 жители очекуваат пожарот да се локализира и тие да се вратат во своите домови.
Сушата која владее ова лето во Калифорнија,претставува најголема опасност за појава на шумски пожари.
Слични вести

Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот
Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 71.820.000