Кинеската морнарица оствари втора воена вежба во Јапонското море

Цел на воената вежба е да се развијат воените вештини и способности на кинеската морнарица

Кинеската морнарица оствари втора воена вежба во Јапонското море

Во рок од еден месец кинеската морнарица оствари втора воена вежба во Јапонското море.

На воената вежба освен ракетни воени бродови и воени бродови со ракети со прецизно насочување, учествуваа и бродови за снабдување.

Цел на воената вежба е да се развијат воените вештини и способности на кинеската морнарица.

Кинеската морнарица и минатата недела одржа воена вежба во Источното кинеско море околу чија доминација и хегемонија има проблеми со Јапонија.

Пекиншката управа го изнесува и брани ставот дека цел на воените вежби не се ниту една земја и дека тоа се рутински вежби.

Јапонските власти пак изразија загриженост од зголемените воени активност на Кина особено во последниот период во Источно и Јужно кинеско море чија хегемонија претставува тема на дискусии меѓу двете земји.



Слични вести