Али Лариџани ги демантираше информациите дека Иран одобрил да се употреби воздушната база

Иран како сојузничка земја, соработува со Русија во однос на регионалните прашања како што е Сирија

553993
Али Лариџани ги демантираше информациите дека Иран одобрил да се употреби воздушната база

Али Лариџани, претседателот на Собранието на Иран ги демантираше информациите дека Иран одобрил да се употреби воздушната база од страна на Русија за бомбардирање на целите во Сирија.

Според веста на иранската официјална агенција ИРНА, членот на Комисијата за национална и надворешна политика Хашметулах Фелахетпише во говорот на седницата на Собранието рече дека употребата на воздушната база Хемедан за западната страна на земјата од страна на Русија се коси со уставот, на што претседателот на собранието Лариџани одговори дека информациите кои се објавени во медиумите и печатот за употреба на базата од страна на Русија, не се точни и не ја одразуваат вистината.

Лариџани рече дека употребата на воените бази од страна на странски земји е забрането со 146 член на Уставот и додаде:

Иран како сојузничка земја, соработува со Русија во однос на регионалните прашања како што е Сирија. Но истата соработка не значи дека Иран одобри да се употребат воените бази од страна на Русија. Иран не даде одобрение за употреба на ниту една воена база на Русија или некоја друга земја, рече Лариџани.

Во вчерашното соопштение кое беше објавено од страна на Руското министерство за одбрана, беше истакнато дека руските воени авиони од типот TU-22M3 и SU-34 полетале од воздушната база Хемедан во Иран и ги погодиле целите во Сирија.



Слични вести