ОИС го повика СБ на ОН итно да стапи во акција за стопирање на израелските напади врз Месџид-и Акса

Организацијата за исламска соработка (ОИС) го повика Советот за безбедност на ОН итно да стапи во акција за стопирање на нападите на Израел врз Месџид-и Акса

552484
ОИС го повика СБ на ОН итно да стапи во акција за стопирање на израелските напади врз Месџид-и Акса

Организацијата за исламска соработка (ОИС) го повика Советот за безбедност на ОН итно да стапи во акција за стопирање на нападите на Израел врз Месџид-и Акса.

Во објавеното соопштение од организацијата се бара од Советот за безбедност на ОН итно да стапи во акција за спречување на нападите на Израел врз светите места на исламот и христијанството и прекршувањата на еврејските доселеници врз Месџид-и Акса. 

Во соопштението на Организацијата за исламска соработка (ОИС) се истакнува дека се осудуваат прекршувањата кои што продолжуваат од страна на окупаторските израелски сили и радикалните еврејски доселеници, а исто така се критикуваат и ограничувањата за муслиманите за влегување во Месџид-и Акса, притворањата на чуварите на Акса и надлежните на архитектоснкиот проект, како и спречувањето на реставрацијата и изградбата на фонтана на вратата Гаваниме.

Воедно и Меѓупарламентарната платформа за Ерусалим остро ги осуди прекршувањата кон Месџид-и Акса на еврејските доселеници за исполнување на свите верски ритуали. 

 



Слични вести