Во воздушни напади во Идлиб и околината загинаа 5 лица

Воени авиони во сопственост на сирискиот режим и Русија реализирале воздушни напади во градот Идлиб и околината во кои загинале 5 лциа, а 11 лица биле повредени

551677
Во воздушни напади во Идлиб и околината загинаа 5 лица

Во реализирани воздушни напади од страна на воени авиони на сирискиот режим и Русија во градот Идлиб и околината животот го загубија 5 лица, а 11 лица се повредени.

Екипи за цивилна одбрана истакнаа дека во нападите биле оштетени голем број цивилни населени места и биле запалени возила. 

Освен тоа надлежни истакнаа дека воени авиони на руската армија и сирискиот режим реализирале напади врз цивилни населени места и во населените Ериха, градчето Серакиб и месноста Тафтаназ во близина на градот Идлиб. 

Од друга страна еден локален активист во Идлиб истакна дека еден руски воен авион го бомбардирал селото Калп ел-Лоз во кое во мнозинство живеат Друзи и кое се наоѓа под контрола на опозиционерите и дека од разговорите преку токи-воки било установено дека авионот бил руски.



Слични вести