Напишани антиисламски пораки на ѕидовите на турско училиште во Данска

На ѕидовите на приватното училиште Мина Хиндхолм во сопственост на Турците во градот Фуглебјерг во Данска беа испишани антиисламски пораки

551616
Напишани антиисламски пораки на ѕидовите на турско училиште во Данска

Расизмот и исламофобијата кои се во подем во цела Европа овојпат го покажаа своето грозно лице во Данска.

На ѕидовите на приватното училиште Мина Хиндхолм во сопственост на Турците во градот Фуглебјерг во Данска беа испишани антиисламски пораки.

Директорот на училиштето Ахмет Ихсан Дениз истакна дека за прв пат се соочуваат со напад од овој вид и дека се загрижени.

Се појави вознемиреност и кај учениците во училиштето, додека нивните учители стравуваат од пренесување на расистичките напади на училиштето.

Данската полиција започна истрага во врска со неидентификуваниот напаѓач или неидентификуваните напаѓачи кои напишале антиисламски пораки на ѕидовите на училиштето.



Слични вести