Убиени лидерите на терористичката организација ДАИШ во Авганистан и Пакистан

Милитантот на ДАИШ Хафиз Саид Хан беше убиен во воздушниот напад на коалиционите сили предводени од Америка

551123
Убиени лидерите на терористичката организација ДАИШ во Авганистан и Пакистан

Во соопштението објавено од страна на амбасадата на Авганистан во Пакистан беше истакнато дека милитантот на ДАИШ Хафиз Саид Хан беше убиен во воздушниот напад на коалиционите сили предводени од Америка во источен Авганистан.

Во соопштението беше истакнато дека заедно со Хан загинале и неговите помошници и други високи раководители на терористичката организација.

Еден американски претставник ја потврди информацијата за смртта на Хафиз Саид Хан во воздушниот напад на авганистанско-пакистанската граница.

И претходно имаше извештаи дека терористот Хан бил мртов, но не беа потврдени.



Слични вести