СБ на ОН усвои одлука за испраќање 4 илјади мировници во Јужен Судан

Мисијата на ОН за Јужен Судан наиде на големи критики

550974
СБ на ОН усвои одлука за испраќање 4 илјади мировници во Јужен Судан

На гласањето кое беше извршено на состанокот на Советот, 11 земји гласаа за, додека Русија, Кина, Венецуела и Египет беа воздржани.

Бројот на гласовите за ја надминаа границата од 9 поради што нацрт-резолуцијата беше усвоена.

На 4 илјади мировници кои ќе бидат испратени во Јужен Судан ќе им се дадат широки овластувања.

Со испраќањето и на овие војници, вкупниот број на мировниците сили во Јужен Судан ќе достигне 17 илјади.

Владата на Јужен Судан пред гласањето објави соопштение во кое истакна дека нема да ја признае одлуката на СБ на ОН изнесувајќи го ставот дека истата има потенцијал за колонизација на земјата.

Во нападите на цивилите кои се засолнаа кон камповите на ОН во последниот период, загинаа голем број лица.

Мисијата на ОН за Јужен Судан наиде на големи критики поради неуспешноста во заштитата на цивилите.



Слични вести