САД соопшти дека нема потреба да направи избор меѓу Турција и терористичката ФЕТО

Законскиот процес и регулативи во врска со екстрадицијата се многу јасни и прецизни

550620
САД соопшти дека нема потреба да направи избор меѓу Турција и терористичката ФЕТО

САД соопшти дека нема потреба да направи избор меѓу Турција и Фетулахистичката терористичка организација / паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ).

Портпаролката на американското министерство за надворешни работи Елизабет Трудо во врска со екстрадицијата на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката ФЕТО потсети дека меѓу двете земји е потпишан договор за екстрадиција на виновните луѓе и дека САД ќе ги исполни сите обврски и одговорности предвидени со потпишаните договори за екстрадиција.

Трудо, на говорот на претседателот Ердоган до граѓаните дека „САД кога тогаш ќе бидат принудени да направат избор меѓу Турција и ФЕТО“, рече дека нема да говори за тоа и дека не може да се направи споредба „ФЕТО или Турција“.

На прашањето: „Значи не верувате дека САД ќе треба да направи избор меѓу ФЕТО и Турција“, Трудо рече:

Нема потреба да правиме избор меѓу Турција и ФЕТО. Законскиот процес и регулативи во врска со екстрадицијата се многу јасни и прецизни. Се е напишано во текстот на договорот. Не треба да се преиспитува нашата поддршка и партнерство со Турција. Процесот на екстрадиција е јасен,  не сум под влијание на чувствата и политиката, рече Трудо.

Како што е познато некои документи во врска со екстрадицијата ни се доставени. Продолжуваме со испитување на овие документи и контактите со турските пријатели, Но не треба да се заборави дека овој процес се раководи од страна на правото и претставува законски систем.

На прашањето во врска со тоа: Колку временски ќе потрае процесот на екстрадиција?, - Трудо рече:

Може да потрае месеци дурии години. Не можам да кажам ништо конкретно во врска со тоа.

Во освртот на информациите за повикот на министерот за надворешни работи Мевљуд Чавушоглу за учество и на Русија во операциите против ДЕАШ, портпаролката на американското министерство за надворешни работи Трудо рече дека САД е во активна и блиска соработка со Турција и другите сојузнички земји во борбата против ДЕАШ. Ако борбата против ДЕАШ навистина е приоритет за сите нас, и ако навистина е фрлен чекор на тоа поле, секако дека овој чекор го прифаќаме со задоволство.

Во врска со терористичките напади на ПКК во Дијабакир и Мардин, Трудо рече дека САД остро ги осудува овие напади и на семејствата и блиските им изразуваме сочувство, а на повредените што побрзо оздравување.



Слични вести