Кукавичкото лице на челникот на ФЕТО/ПДЈ откриено во јануари во САД

Ако се сокрие радикалниот план за умереност

550825
Кукавичкото лице на челникот на ФЕТО/ПДЈ откриено во јануари во САД

Движењето Ѓулен продолжува да важи за закана за Турција и САД.

Никој не сака да го доживее моментот наречен Козби, кога сите сомнителни работи се проширија низ светот. Фетулах Ѓулен, неспорниот лидер на движењето Ѓулен, неодамна го доживеа токму овој момент кое беше дело на ФБИ.

Муслиманскиот свештеник чија татковина е Турција, Фетулах Ѓулен има завршено само основно 5 годишно училиште и е многу мистериозна личност. Според дописите објавени од страна на Вииликс, американското министерство за надворешни работи, Ѓулен се оценува за „радикален исламист“ и во позадината на „умерените пораки во суштина се крие многу полоша намера и радикален план“. Износот на капиталот со кој располага се проценува дека изнесува некаде околу 25 милијарди долари, но никој не знае од каде точно потекнува или се заработени овие пари. Наспроти мислењето на министерството за надворешни работи, големо внимание привлекува фактот дека Ѓулен наводно ги прифатил принципите на толеранција и мултикултурализам. Но подлабоките истражувања покажуваат дека Ѓулен во суштина е вистински и огорчен исламист и дека сакал САД и Турција да ги трансформира во земји кои ќе се раководат согласно шеријатските правила.

Ѓулен во САД живее во доброволен егзил и раководи со широка мрежа на училишта кои будат сомнение, меѓусебно поврзани непрофитни добротворни установи и фирми. Како што изнесоа судовите во Америка и Турција, Ѓулен отворено ја провоцира и подготвува план за соборување на демократски избраната влада во Турција, земја која важи за една од ретките стабилни сојузнички земји, членка на НАТО и земја која има витално значење во уништувањето на ДАЕШ и и воспоставување мир во Ирак и Сирија.

Ѓулен поседува најширока мрежа на чартер училишта во САД и добива милиони долари од даночните обврзници. Во тие рамки продолжуваат истрагите во врска со финансиската злоупотреба на училиштата на Ѓулен во Тексас, Луизијана, Илиноис, Охајо и другите провинции. Овие истраги се водат како надополнување на истрагата што ја води ФБИ. Според извештаите на државата и локалните безбедносни установи и организации, Движењето Ѓулен е во „подредена битка“ со непрофитните установи и компании кои се директно поврзани кон нив, додека од приходите кои ги обезбедува од даночните обврзници врши еден вид измама. Училиштата на движењето Ѓулен плаќаат големи суми за закуп на териториите чиј сопственик е Фетулах Ѓулен, исто така градежните и реконструктивните работи на објектите на Ѓулен се изведуваат од страна на компаниите на Ѓулен. За олеснување на влезот на младите Турци во САД се плаќаат големи суми пари.

Сите овие млади кои поседуваат високи квалификации и сертификати за компетентност во   одредени професии, истовремено се веродостојни следбеници на Ѓулен и во Америка се доведуваат со цел да ги заземат местата на американските учители, наставници и професори. Според некои тврдења, американските деца се вовлекуваат во исламското движење чија оска ќе биде Турција. Ова исламско движење се раководи како еден вид пета рака, така што преку децата се вложуваат напори исто како што сакаа да направат во Турција, земјата сакаат а ја претворат во држава која ќе се раководи согласно шеријатските принципи. Над 5 илјади следбеници на Ѓулен имаат дискутабилна виза H-1B (виза која се доделува на оние кои што не се имигранти), која бројка е поголема дури и од онаа на Гугл, која виза ја маат другите луѓе. Врз основана сите овие податоци постои силно сомнение дека сте овие лица во некоја смисла се експлоатираат од страна на Движењето Ѓулен, поради што истрагата се врши во рамките на Законот за спречување на трговијата со луѓе.

Ѓулен на судската постапка пред Централниот регионален суд на Пенсилванија се справува со постапката за прекршување на човековите права на конкурентска политичка партија во Турција. Затоа во постапката се бара екстрадиција на Ѓулен во Турција за наведеното и други обвинувања.

Движењето Ѓулен е под постојана истрага поради обид за промена на уставниот поредок и соборување на демократски избраната влада, инфилтрирање во владата, медиумите, деловниот свет, полицијата и правосудството.  Цел на турските обвинители и полицајци кои беа манипулирани од страна на движењето Ѓулен беа лажни обвинувања против турските воени лица, изнесување на незаконски прислушуваните телефонски разговори како и апсење на секуларните новинари кои не се исламисти.

Како во САД, така и во Турција Движењето Ѓулен своите следбеници ги инфилтрира во образовната инфраструктура, со посредство на училиштата ги радикализира децата и предизвикува децата да свртат грб на идеалите за модернизација на Турција, исто како што тоа го прават медресињата во другите земји.

Покрај тоа што ФБИ, државните и локални извршители на законите достојно ги испитуваат тврдењата за проневера на американските даночни обврзници од страна на чартер училиштата на Движењето Ѓулен, особено ФБИ треба да ги утврди суштинските цели на турските учители кои ги образуваат американските деца, ако отворено треба да се каже, влијанието врз американските деца да ја променат верата и да ги прифатат исламските доктрини, бидејќи според информациите и податоците, има поголем број на квалификувани и учители со високи сертфикати.

Гледано од геополитички аспект, проширена истрага ќе обезбеди на виделина да се изнесат низа информации и податоци во врска со Движењето Ѓулен, за кое американското Министерство за надворешни работи има информации и познавања, како што е фактот дека во позадината на умерените пораки се крие злокобен „радикален исламист“ кој ја крие вистинската намера. Меѓудругото, испитувањата најверојатно ќе покажат дека Фетулах Ѓулен со поттикнување на обидот за соборување на турската влада и ако се успееше во тоа, ќе ја натераше Турција да се спротивстави на интересите на Америка. Поотворено речено, Америка нема потреба од Ѓуленистички режим на едно од најзначајните и клучни места за САД и земја која е сојузничка во НАТО.

Автор на текстот е Абрахам Р. Вагнер, професор на Правната школа и Школата за меѓународни и односи со јавноста при универзитетот Колумбија, кој исто така е искусен истражувач на институтот за војна и мир Вагнер Салцман.



Слични вести