ЕУ изрази солидарност на Турција во борбата против терористичката ПКК

ЕУ ја повторува постојаната солидарност со владата и народот на Турција

550584
ЕУ изрази солидарност на Турција во борбата против терористичката ПКК

ЕУ изрази солидарност на Турција во борбата против терористичката организација ПКК која претходниот ден изврши кукавички напади во Дијабакир и Мардин.

Според писменото соопштение објавено од страна на Европската комисија, Турција уште еднаш беше цел на терористички напади во градовите Дијарбакир и Мардин. На семејствата и блиските на загинатите им изразуваме сочувство, а на повредените што побрзо да оздрават.

ЕУ ја повторува постојаната солидарност со владата и народот на Турција. Турските власти се изложени на големи тешкотии и пречки. Меѓу нив се и насилствата и терористичките акции на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата на терористички организации на ЕУ.

Во бомбашкиот напад на терористичката организација ПКК на полициското комби во Сур кај Дијарбакир загинаа 5 лица од исто семејство, а 12 лица од кои 5 полицајци беа повредени.

Во нападот со возило бомба на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во месноста Кизилтепе кај Мардин ао активирање на експлозивот во моментот кога поминуваше оклопното возило кое ги пренесуваше екипите на специјалците, загина еден полицаец, 2 цивили, е 30 лица беа повредени од кои 5 беа полицајци.



Слични вести