САД остро ги осуди терористичките напади во Турција

САД ќе продолжи со активната соработка со турските власти во борбата против терористичката организација ДЕАШ

549596
САД остро ги осуди терористичките напади во Турција

Првото соопштение во врска со терористичките напади во Ширнак, Мардин и Дијарбакир беа беше објавено од страна на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Портпаролот на Советот, Нед Прајс во писменото соопштение истакна:

САД силно ги осудува терористичките напади во југоисточна Турција.

Прајс рече дека нивните молитви се за жртвите кои загинаа во нападите и нивните блиските, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување.

Прајс потсети дека Турција која на 15 јули беше изложена на крвав обид за воен удар, е сојузник на НАТО и ќе продолжи непоколебливата американска поддршка на Турција.

САД активно соработува со турските власти, рече Прајс и ги повтори ветувањата и гаранциите на Америка на Турција во борбата против тероризмот.

Американскиот министер за одбрана Аштон Картер во изјавата за печатот рече дека остро и силно го осудуваат терористичкиот напад чија цел беа турските безбедносни сили.

На семејствата и блиските на жртвите кои загинаа во терористичките напади во југоисточна Турција им изразувам искрено и длабоко сочувство, рече Картер.

САД ќе продолжи со активната соработка со турските власти во борбата против терористичката организација ДЕАШ, рече Картер.



Слични вести