Делумно дневно примирје од Русија во Алепо

Почнувајќи од денес 11 август, во Алепо ќе почне да се имплементира дневно тричасовно примирје

549825
Делумно дневно примирје од Русија во Алепо

Руското министерство за одбрана соопшти дека почнувајќи од денес 11 август ќе почне да се имплементира дневно тричасовно примирје во Алепо.

Началникот на Генералштабот Сергеј Рудској рече дека од 10:00 часот изутрина до 13:00 часот попладне според локално време ќе бидат одложени воздушните и копнените напади врз Алепо.

Рускиот претставник истакна дека во овие часови, конвоите за хуманитарна помош ќе можат да безбедно да влезат во градот и да достават помош на настраданите.

ОН смета дека времето за прекин на огнот на е доволно.

Координаторот за хуманитарни работи и итна помош при ОН Стивен Обрајан рече дека примирјето кое планира да го спроведува Русија, дневно три часа, неделно 21 час, не е доволно за доставување и распределување на хуманитарната помош.

Обрајан истакна дека за задоволување на потребите имат потреба најмалку од 48 часа временски период и тоа пренесување на помош со доволен број камиони и преку две ленти.

Во говорот на вчерашната затворена седница на СБ на ОН, Обрајан го повтори предлогот за прогласување 48 часовно примирје и рече дека во куќите на над 2 милиони лица во Алепо, 4 дена како не тече вода од чешмите и во градот кој е заморен од војната, постои голем и сериозен

Birleşmiş Milletler kaynakları da, Halep şehrinde muhaliflerin, Esed rejimi ve destekçilerinin yapmış olduğu kuşatmayı kırmasının ardından,  şehre insani yardım ulaştırmak için,  haftada en az 48 saatlik ateşkese ihtiyaç olduğunu belirtiyor.

САД изрази задоволство од одлуката на Русија за прогласување секојдневно тричасовно примирје за доставување хуманитарна помош во Алепо.

Портпаролката на министерството за надворешни работи Елизабет Трудо на прес конференцијата што ја одржа, одговараше на прашањата на новинарите и рече:

Изразуваме големо задоволство по повод напорите за сите прекини на нападите и операции за успешно доставување на хуманитарната помош на сите оние кои што имаат потреба од помош. Затоа сите инволвирани страни ќе треба да се придржуваат на примирјето.

На прашањето дека на вчерашниот состанок на СБ на ОН беше упатен повик за прогласување 48 часовно примирје за доставување хуманитарна помош на Алепо, односно дали предлогот на Русија се коси со предлогот на ОН, Трудо рече дека САД го подржува предлогот на ОН.

Тоа што сакам да потенцирам е фактот дека сите напори кои ќе се вложат за прекин на насилството, се во корист и добро на сирискиот народ.



Слични вести