Повик од ОН за прекин на огнот за доставување итна помош на Алепо

Заменик генералниот секретар на ОН одговорен за хуманитарни прашања Стивен О’Брајан го повтори повикот за прекин на огнот во времетраење од 48 часа за доставување хуманитарна помош на населението во Алепо

548859
Повик од ОН за прекин на огнот за доставување итна помош на Алепо

Заменик генералниот секретар на ОН одговорен за хуманитарни прашања Стивен О’Брајан уште еднаш упати повик за прекин на огнот за доставување итна помош на населението во градот Алепо во Сирија.

О’Брајан го информираше Советот за безбедност на ОН во врска со последните случувања во Сирија по што даде изјава за новинарите и притоа го повтори повикот за прекин на судирите во времетраење од 48 часа со цел доставување помош на Алепо. 

Истакнувајќи дека безбедносната состојба во Сирија оди кон полошо, Стивен О’Брајан напомена дека приближно 2 милиони цивили се наоѓаат во голем ризик од хуманитеран аспект вклучувајќи го и сериозниот недостаток од вода и електрична струја.

О’Брајан рече: „ОН бара да се воспостави 48 часовен хуманитарен прекин на огнот за доставување на храна и лекови кои се намалени до опасен степен во градот Алепо и за овозможување пристап до милиони луѓе кои имаат потреба од помош во овој град.“

Освен тоа заменик генералниот секретар на ОН одговорен за хуманитарни прашања Стивен О’Брајан истакна дека ги информирал члените на Советот за безбедност на ОН за тоа оти се завршени подготовките за раздавање на храна, медицински материјали, амбулантни коли, гориво за генератори и друг вид хуманитарна помош, како и тоа дека ОН и нивните партнери можат да ги користат погодните патишта за раздавање на оваа помош вклучувајќи ги и операциите за прекугранична хуманитарна помош што ќе се доставуваат од Турција.



Слични вести