Не станува збор за дискусии за членството на Турција

Турција може да има доверба во солидарноста и поддршката на НАТО

549274
Не станува збор за дискусии за членството на Турција

Северноатлантската алијанса НАТО соопшти дека не станува збор за дискусии за членството на Турција.

Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску истакна дека имаат доверба во континуираниот придонес на Турција.

Затоа и Турција може да има доверба во солидарноста и поддршката на НАТО, беше истакнато во соопштението.

Лугбнеску во изјавата рече дека во медиумите се објавуваат шпекулативни информации во врска со ставот на НАТО кон обидот за воен удар во Турција како и членството на Турција во НАТО, поради што подвлече на значењето на позицијата на алијансата во врска со прашањето.

Турција е мошне значаен сојузник на НАТО која има голем придонес во заедничките напори на НАТО, рече Лунгеску и додаде:

Покрај тоа што генерации беа изложени на најголеми и непредвидливи безбедносни проблеми, Турција продолжува да го одржува своето место на одлуките на алијансата кои се засноваат на компромис. Затоа не станува збор за никакви дискусии за членството на Турција во НАТО.

Целта на формирањето на алијансата се заснова на колективна одбрана и демократија, индивидуална слобода, човековите права и слободи и владеењето на правото. НАТО има целосна доверба во континуираниот придонес, затоа и Турција може да има целосна доверба во солидарноста и поддршката на НАТО, беше истакнато во соопштението.



Слични вести