Договор во ОН пред Самитот за бегалци и мигранти закажан за 19 септември

Специјалниот советник Карен Ебузејд земјите членки на ОН постигнаа согласност во однос на завршниот документ на Самитот за бегалци и мигранти што ќе се одржи на 19 септември

548797
Договор во ОН пред Самитот за бегалци и мигранти закажан за 19 септември

Специјалниот советник Карен Ебузејд кој беше назначен од страна на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во врска со Самитот за бегалци и мигранти што ќе се одржи на 19 септември истакна дека земјите членки на светската организација постигнаа согласност во однос на завршниот документ на овој состанок.

Карен Ебузејд нагласи дека пред одржувањето на овиој самит е дојдено до значајна фаза  и дека согласно прифатениот договор земјите членки одобриле во 2017 година да бидат сместени 1 милион мигранти. 

Ебузејд истакна дека оваа бројка изнесува 5-отсто од вкупниот број на мигранти во светот, како и половина од оние кои се обидуваат да се засолнат во одредено место како мигранти. 

Во врска со договорот со кој се упатува повик до земјите да ветуваат поголеми акции за бегалските и мигрантските кризи, Карен Ебузејд рече: „Доколку бидат исполнети дадените ветувања во однос на овој документ тоа ќе биде во полза на мигрантите, бегалците и оние кои им помагаат и земјите од чија страна се згрижени.“

Прашањето со мигрантите ќе биде една од значајните точки на дневниот ред на самитот на ОН што ќе се одржи идниот месец во Њујорк.

Исто така и на меѓувладината конференција посветена на мигрантите за која се планира да се одржи во 2018 година се очекува да се усвои договор за глобален принцип по ова прашање.



Слични вести