Троен самит меѓу Азербејџан,Иран и Русија во Баку

Лидерите на трите земји, Илхам Алиев, Хасан Рухани и Владимир Путин на тројниот самит што се одржа во Баку разговараа за низа прашања од енергијата до транспортот и од борбата против тероризмот до статусот на Капиското Море

548262
Троен самит меѓу Азербејџан,Иран и Русија во Баку

Претседателите на Азербејџан, Иран и Русија се состанаа на троен лидерски самит во Баку.

Лидерите на трите земји, Илхам Алиев, Хасан Рухани и Владимир Путин на тројниот самит разговараа за низа прашања од енергијата до транспортот и од борбата против тероризмот до статусот на Капиското Море. 

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев кој воедно е и домаќин на тројниот самит рече: „Форматот на тројна средба меѓу Русија, Иран и Азербејџан е од големо значење за стабилноста во регионот. ПОстојат големи можности за развивање на економската соработка. Нашите средби ќе продолжат.“

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека форматот на тројна средба ќе одигра значајна улога во развојот на регионот.

Велејќи „Денеска ќе отвориме нова страница во нашите односи“, Путин рече: „Имаше потреба од еден ваков формат. Една ваква соработка ќе му придаде интензитет на развојот на Каспискиот регион.“ 

Иранскиот претседател Хасан Рухани истакна дека приоритет во надворешната политика на Иран претставува развојот на односите со соседните земји и рече: „Формирањето на еден ваков формат и развојот на односите меѓу трите земји беше од крајно големо значење. Развојот на одноите со соседните земји се наоѓа меѓу приоритетите во надворешната политика на Иран.“

По тројниот самит лидерите на трите земји, Илхам Алиев, Хасан Рухани и Владимир Путин, фрлија потпис и на заедничка декларација.

Во заедничката декларацијата се изнесуваат на преден план зголемувањето на соработката во сфери како што се заедничката борба против тероризмот, енергијата, транспортот и туризмот.



Слични вести