Состојбата на цивилите во Алепо разгледана на неформалниот останок „Формулата Ариа“ на СБ на ОН

Цивилите нема да се користат како адут за политичко пазарување или воена тактика

548228
Состојбата на цивилите во Алепо разгледана на неформалниот останок „Формулата Ариа“ на СБ на ОН

Состојбата на цивилите во сирискиот град Алепо беше разгледана на неформалниот состанок „Формулата Ариа“ на Советот за безбедност на ОН кој нема никаква обврзителност.

На состанокот, освен голем број лекари волонтери учествуваа и претставници на невладини организации и експерти за регионот.

На состанокот беа прикажани фотографии од урнатите болници и повредени лица, а исто така беше упатен повик до СБ на ОН и меѓународната заедница за преземање повеќе акции за спасување на животите во Сирија.

Претседателот на Сириско-американското медицинско здружение д-р Захер Сахлоул во говорот на состанокот рече дека силите на режимот на Асад го опседнале источниот дел на Алепо каде што живеат околу 250 илјади лица.

Лекарот Самер Алтар пак истакна дека 12 години како работи во регионот на судири и дека срамната слика за тагата на луѓето што ја видел во Алепо во Сирија, навистина не ја видел на друго место.

Заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни работи Стивен Обрајен во говорот упати повик за прогласување 48 часовно примирје, со цел да се достави хуманитарна помош на настраданите.

Саманта Пауер, постојаната претставничка на САД во ОН и една од домаќините на состанокот во говорот рече: Принудени сме да потенцираме дека цивилите нема да се користат како адут за политичко пазарување или воена тактика.

Заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Владимир Сафранков ги обвини западните колеги и ги повика да ги признаат вистинските причини за проблемот во Сирија наместо да говорат за борбата против тероризмот на легитимната власт во Сирија.

Состаноците „Формулата Ариа“ чие име потекнува од венецуелскиот дипломат Диего Ариа, е еден од методите кои во последните години го применуваат членовите на СБ на ОН. Состаноците на кои членовите можат и да не учествуваат, имаат флексибилна рамка.



Слични вести