Митинг на турските граѓани „Демократија против воениот удар“ пред Белата куќа

На митингот во организација на Турско-американскиот комитет за усмерување (TASC) под чиј покрив се обединети приближно 150 Турско-американски здруженија кои делуваат во САД учествуваа приближно илјада турски граѓани

547191
Митинг на турските граѓани „Демократија против воениот удар“ пред Белата куќа

Турските граѓани кои живеат во главниот град на САД Вашингтон и во околните сојузни држави во знак на протест против обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО одржаа митинг „Демократија против воениот удар“ пред Белата куќа.

На митингот во организација на Турско-американскиот комитет за усмерување (TASC) под чиј покрив се обединети приближно 150 Турско-американски здруженија кои делуваат во САД учествуваа приближно илјада турски граѓани кои освен во главниот град Вашингтон  живеат и во околните сојузни држави Вирџинија, Мериленд и Њу Џерси.

На митингот одржаа говори претставниците на владејачката Партија за Правда и развој АКП (АК Партијата), главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) и опозиционата Партија за националистичко движење (МХП).

Во одржаните говори беше нагласено дека турскиот народ ноќта на 15 јули по цена и на својот живот се спротивстави на крвавиот обид за воен удар против неговата демократија, независноста, слободната волја и демократски избраниот парламент и претседателот. 

Координаторот за комуникација на Турско-американскиот комитет за усмерување (TASC) Мустафа Тунџер истакна дека како американски Турци и пријатели на Турција бараат од американската администрација што поскоро да биде екстрадиран во Турција Фетулах Ѓулен, челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО.

Од друга страна на митингот пред Белата куќа во Вашингтон дојде и амбасадорот на Турција во САД Сердар Килич кој им се заблагодари на граѓаните за учеството.



Слични вести