Илјадници цивили продолжуваат да го напуштаат Мосул

Локални извори истакнаа дека бројот на лицата кои во последната една недела дошле во кампот Дигаба помеѓу градот Ербил и реката Тигар достигнал до 3 илјади лица

547731
Илјадници цивили продолжуваат да го напуштаат Мосул

По започнатата операција од страна на ирачката армија за враќање на Мосул од рацете на терористичката организација ДЕАШ илјадници цивили продолжуваат да го напуштаат градот.

Илјадници цивили кои ги напуштаат своите домови се сместуваат во камповите во Нинова северно од Мусул.

Локални извори истакнаа дека бројот на лицата кои во последната една недела дошле во кампот Дигаба помеѓу градот Ербил и реката Тигар достигнал до 3 илјади лица.

Продолжува да се зголемува бројот на лицата кои доаѓаат во овој камп каде што инаку живеат во нечовечки услови 28 илјади лица и дури и во овие тешки услови за живот се доживуваат тешкотии за наоѓање место за новодојдените бегалци.

Во меѓувреме генералниот секретаријат на ирачкиот министерски совет соопшти дека во областа на островот Халидије кај градот Анбар била пронајдена масовна гробница во која биле закопани 100 мртви тела на терористи членови на ДЕАШ.

Во соопштението се истакнува дека мртвите тела им припаѓаат на терористите кои биле убиени за време на операцијата за спасување на градот Анбар и се вели следното: „Безбедносните сили при влегување во областа организацијата за да не губи во време ги закопала набрзина терористите кои загинале во судирите.“



Слични вести