Во самоубиствени напади во Мусул загинаа 11 лица од кои 5 цивили

15 лица членови на терористичката организација ДЕАШ кои на себе носеле самоубиствени појаси го нападнале селото Еџхеле кај градот Мусул и во реализираните самоубиствени напади животот го загубија 11 лица од кои 5 цивили

546830
Во самоубиствени напади во Мусул загинаа 11 лица од кои 5 цивили

Во самоубиствени напади во градот Мусул во Ирак животот го загубија 11 лица од кои 5 цивили.

15 лица членови на терористичката организација ДЕАШ со самоубиствени појаси на себе го нападнаа селото Еџхеле кај градот Мусул.

Ирачките сили неутрализираа дел од бомбашите-самоубијци, а некои ги активираа самоубиствените појаси на себе и се разнесоа. 

Како што се истакнува продолжуваат активностите на ирачките безбедносни сили за трагање по уште четворица бомбаши-самоубијци кои избегале.

Ирачкото министерство за одбрана на 24 март соопшти дека од јужните области ја започнува операцијата за враќање на градот Мусул кој на 10 јуни 2014 година беше заземен од страна на терористичката организација ДЕАШ .

По започнувањето на операцијата досега ирачките сили зазедоа од рацете на терористичката организација ДЕАШ една поширока област во чии рамките се наоѓа и воздушната абза Ел-Кајјара.



Слични вести