Вечерва ќе се одржи митинг за демократија против воениот удар на 15 јули и во САД

На митингот за демократија против воениот удар на 15 јули кој што ќе започне вечерва во 21:00 часот според турско време се очекува да допатуваат голем број учесници од сојузните држави Вашингтон, Вирџинија, Мериленд, Њу Џерси и Њујорк

546453
Вечерва ќе се одржи митинг за демократија против воениот удар на 15 јули и во САД

Турските граѓани кои живеат во САД и американските муслимани денеска ќе одржат митинг за демократија против воениот удар на 15 јули во организација на Турско-американскиот комитет за усмерување.

На митингот кој што ќе започне вечерва во 21:00 часот според турско време се очекува да допатуваат голем број учесници од сојузните држави Вашингтон, Вирџинија, Мериленд, Њу Џерси и Њујорк.

На митингот ќе се проколнат обидот за воен удар на 15 јули и Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО која стои во позадината на овој крвав обид за преврат.

Освен тоа на митингот ќе биде прочитано и заедничко соопштение од страна на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата), главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) и опозиционата Партија за националистичко движење (МХП).



Слични вести