Утре троен лидерски самит меѓу Путин-Алиев и Рухани во Баку

На овој троен самит што се одржува за прв пат лидерите на трите земји ќе разговараат за проектите за енергија и транспорт, економските односи, безбедноста и борбата против тероризмот

546870
Утре троен лидерски самит меѓу Путин-Алиев и Рухани во Баку

Рускиот претседател Владимир Путин, иранскиот претседател Хасан Рухани и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ќе се состанат на утрешниот троен претседателски самит што ќе се одржи во Баку.

На овој троен самит што се одржува за прв пат лидерите на трите земји ќе разговараат за проектите за енергија и транспорт, економските односи, безбедноста и борбата против тероризмот.

освен тоа тројцата лидери ќе изнајдат можност за разговор и во однос на прашања посветени на случувањата по прашањето на статусот на Каспискиот басен пред претстојниот самит за кој што се планира оваа година да се одржи во Астана и прашања за кои што не можеше да се постигне компромис.



Слични вести