Опозиционерите во Сирија го пробија обрачот на силите на режимот на Асад околу градот Алепо

Силите на опозицијата во Сирија на седмиот ден од судирите успеаја да го пробијат обрачот на силите на режимот на Асад околу градот Алепо

546520
Опозиционерите во Сирија го пробија обрачот на силите на режимот на Асад околу градот Алепо

Опозиционерите во Сирија го пробија обрачот на силите на режимот на Асад околу градот Алепо.

Опозиционерите на седмиот ден од операцијата за пробивање на обрачот на сирискиот режим околу градот Алепо  ја воспоставија контролата во поголемиот дел од областа Рамусе на југот на градот и во воздухопловното техничко училиште.

Извори кои пренесуваат дека армијата Фетих за време на судирите ја воспоставила контролата над раскрсницата Рамусе, фурната и бензинската станица воедно истакнуваат дека силите на опозицијата за 7 дена убиле 150 припадници на милициските сили на Иран, Ирак и Хезбилах кои војуваат во редовите на сирискиот режим. 

Вестите за тоа дека е пробиен обрачот на сирискиот режим околу градот Алепо се потврдени и од страна на опозиционите групи Џејшу’л Ислам и Ахрару’ш-Шам кои војуваат против сирискиот режим.

Сириските опозиционери завчера ја презедоа контролата над артилериското училиште, комплексот од градби-куллијето за наоружување и комплексот од градби-куллијето Бејанат во областа Рамусе која инаку е од стратешко значење во регионот на градот Алепо.



Слични вести