Американскиот државен секретар Џон Кери наскоро во посета на Турција

Американскиот државен секретар Џон Кери на 21 август или неколку дена потоа се очекува да допатува во посета на Турција

545007
Американскиот државен секретар Џон Кери наскоро во посета на Турција

Американскиот државен секретар Џон Кери овој месец ќе допатува во посета на Турција.

Посетата се очекува да се оствари на 21 август или неколку дена потоа.

Турција во последно време го интензивира својот притисок врз вашингтонската управа за екстрадирање на челникот на терористичката организација ФЕТО Фетулах Ѓулен.

Така и за време на разговорите на Кери во Турција ќе стане збор за прашањето за екстрадирање на терористичкиот водач Ѓулен. 

Началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД Џозеф Данфорд во понеделникот престојуваше во Анкара каде што заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар го посети Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) кое ноќта за време на обидот за воен удар на 15 јули беше бомбардирано од страна на пучистите, а воедно беше примен и кај премиерот Бинали Јилдирим.

Притоа генерал Џозеф Данфорд за време на своите разговори во Анкара вети дека ќе го достави до Вашингтонската управа приодот на Турција кон челникот на терористичката организација ФЕТО.

Премиерот Бинали Јилдирим пак му рече на Данфорд дека се очекува од САД да го екстрадираат Ѓулен и ја даде пораката дека во спортивно ќе се доживеат сериозни проблеми во односите помеѓу двете земји.

Јилдирим исто така завчера во интервју за еден приватен телевизиски канал рече: „САД се здобија со златна прилика за да стават крај на овие дискусии. Откако ќе го предадат на Турција лицето кое е одговорно за обидот за воен удар ќе престанат и овие дискусии. На тој начин ќе нема проблеми помеѓу двете земји кои се стратешки партнери. Висок функционер на САД ќе престојува во посета на Турција. нека дојдат и нека видат.“



Слични вести