Во воздушни напади на руската армија во Алепо загинаа 11 лица

Руски воени авиони реализираа напади врз цивилни наслелени места под контрола на опозиционерите во градот Алепо во кои загинаа 11 лица, а над 40 лица се повредени

544185
Во воздушни напади на руската армија во Алепо загинаа 11 лица

Во реализирани воздушни напади на руската армија врз цивилни населени места под контрола на опозиционерите во градот Алепо во Сирија загинаа 11 лица, а повеќе од 40 лица се повредени.

Надлежниот за цивилна одбрана во Алепо истакна дека во реализираниот напад врз квартот Енсари била целосно срушена една зграда и дека имало лица кои останале затрупани под рушевините до кои се водат обиди да се дојде со помош на градежни машини.

Истиот надлежен додаде дека во близина на населеното место Етариб бил реализиран напад и на две возила кои превезувале хуманитарна помош.

Надлежниот подвлече дека руски воени авиони и хеликоптери во сопственост на режимот реализирале напади со барел, вакум и касетни бомби на квартовите Суккери, Маади, Мустан ел Каср и Кади Аскер под контрола на опозиционерите во градот Алепо, а воедно рече: „Воени авиони на режимот и руската армија поготово ги бомбардираат населените места населени претежно со цивили под контрола на опозиционерите во Алепо.“



Слични вести