Обама информираше за започнатите воздушни операции од страна на САД во Либија

Американскиот претседател Барак Обама истакна дека воздушните операции во Либија се започнати на брање на либиската влада и со цел елиминирање на терористичката организација ДЕАШ и воспоставување на стабилноста во оваа земја

543762
Обама информираше за започнатите воздушни операции од страна на САД во Либија

Американскиот претседател Барак Обама на одржаната конференција за претставниците на печатот во Белата куќа направи проценка на воздушните операции кои ги започна неговата земја во Либија.

Обама истакна дека воздушните операции во Либија се започнати со цел елиминирање на терористичката организација ДЕАШ и воспоставување на стабилноста во оваа земја.

Велејќи дека операциите се започнати на барање на либиската влада, Обама напомена дека се има за цел со заеднички напори да биде исчистена терористичката организација ДЕАШ од оваа земја.

Американскиот претседател Барак Обама истакна дека по исчистувањето од ДЕАШ се надева оти ќе биде воспоставена политичката стабилност во Либија.

Обама рече: „Не само ние туку и Европејците и другите земји очекуваат Либија да се стекне со стабилност“ и привлече внимание негативната состојба во земјата е преобразена во криза со илегални мигранти и човечки трагедии.

Барак Обама говореше и во врска со врската помеѓу зајакнувањето на терористичката организација ДЕАШ во Либија и соборувањето на либискиот лидер Муамер Гадафи во 2011 година.

Оабама рече: „Во Либија претходно го направивме правилното за да се спречи да дојде до масакр. Меѓутоа никој од нас потоа не размисливме детално по прашањето на формирање на една цврста градба во Либија и воспоставување на безбедноста во оваа земја.“



Слични вести