Дискриминаторски став од Чехија против мигрантите од муслиманските земји

Портпаролот на кабинетот на претседател на Чехија Милош Земан, Жири Овчачек рече дека претседателот Милош Земан мисли оти прифаќањето на мигрантите кои доаѓаат од муслиманските земји  значи опасност и закана од тероризам

544272
Дискриминаторски став од Чехија против мигрантите од муслиманските земји

Претседателот на Чехија (Република Чешка) Милош Земан истакна дека мигрантите кои доаѓаат до муслиманските земји не треба да бидат примени во неговата земја..

Портпаролот на кабинетот на претседател на Чехија Милош Земан, Жири Овчачек рече дека претседателот Милош Земан мисли оти прифаќањето на мигрантите кои доаѓаат од муслиманските земји  значи опасност и закана од тероризам.

Велејќи дека Земан апсолутно се спротивставува на идејата за прифаќање на мигранти, Жири Овчачек рече: „Не можеме да дозволиме слични терористички настани со оние во Франција и Германија да се случуваат и во нашата земја. Прифаќањето на мигрантите ќе подготви основа за реализација на варварски напади во Чехија.“ 

Потсетувајќи дека владата на Чехија претходно вети оти ќе прими 2.691 мигрант од Италија и Грција, како и 80 мигранти од Турција, Овчачек рече: „Претседателот ќе побара владата да ја преиспита оваа своја одлука. Според Земан Чехија не треба да прими повеќе мигранти.“



Слични вести