Кристијан Рат остро реагираше на спречувањето на приклучувањето на Ердоган на митингот во Келн

Не можат да важат различни правила за претседателот Ердоган

542534
Кристијан Рат остро реагираше на спречувањето на приклучувањето на Ердоган на митингот во Келн

Германскиот новинар Кристијан Рат остро реагираше на спречувањето на приклучувањето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Митингот за демократија против обидот за воен удар во Келн преку видеоконференција.

Новинарот на весникот Ди Тагесцајтунг, Рат рече:

Ако Едвард Сноуен или американскиот претседател Барак Обама сака директно да се приклучи во живо. Тоа е нивно право. Не можат да важат различни правила за претседателот Ердоган.

Се додека се почитуваат законите, државата не може да интервенира во содржината на демонстрациите, рече новинарот Рат и потенцираше:

Полицијата на Келн не можеше да пружи никакви докази за содржината за евентуална примена на насилство или заплашување во врска со планираниот говор на Ердоган. Жалбата која беше поднесена за укинување на забраната требаше да успее.

Рат меѓудругото додаде дека не беа заштитени правата на германските демонстранти од турско потекло во врска со едно прашање кое имаше симболично значење.

Една правна држава, особено во период на затегнатост, треба да покаже беспристрастен став кон сите.



Слични вести