Германската влада задоволна од мирољубивиот митинг за демократија во Келн

Портпаролката на германската влада Улрике Демер избегна да ја коментира одлуката на Уставниот суд на Германија

542647
Германската влада задоволна од мирољубивиот митинг за демократија во Келн

Германската влада изрази задоволство од мирољубивиот „Митинг за демократија против обидот за воен удар“ што го одржаа Турците во Европа во градот Келн.

Портпаролката на германската влада Улрике Демер во врска со одржувањето на митингот во Германија во знак на поддршка на лидерот на една странска земја, рече дека согласно Уставот на земјата во рамките на слободата на изразувањето се опфаќа и ова прашање, секако под услов да биде мирољубив митинг.

Демер избегна да ја коментира одлуката на Уставниот суд на Германија во врска со спречувањето на приклучувањето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган преку телеконференција и одржување говор на митингот во Келн.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Германија Мартин Шефер рече дека на критиките на турските политичари во последно време не сметаат како на мешање во внатрешните работи на Германија и потенцираше дека критиките од надвор ги прифаќаат со задоволство и дека почитувањето на оваа одлука им ја препушта на јавното мнение.



Слични вести