Во воздушен напад на египетската армија во градот Рафах загинаа 46 лица

Египетската армија реализира воздушен напад со авиони Ф-16 и хеликоптери Апачи врз магацин за оружје и муниција во градот Рафах во североисточниот дел на земјата во кој загинаа 46 лица

541886
Во воздушен напад на египетската армија во градот Рафах загинаа 46 лица

Во реализиран воздушен напад од страна на египетска армија врз магацин за оружје и муниција во градот Рафах во североисточниот дел на земјата загинаа 46 лица.

Магацинот за оружје и муниција во градот Рафах во сопственост на терористички групи кои делуваат во западниот дел на градот беа погодени со авиони од типот Ф-16 и хеликоптери Апачи.

Како што се истакнува меѓу загинатите во воздушниот напад освен чуварите на магацинот за оружје и муниција се наоѓале и Сами  Шуајб и Мухамед Зејџан, инаку водечки имиња на организацијата Енсар Бејт ел-Макдис. 

Исто така се наведува дека со овој воздушен напад им е нанесена најголемата загуба на вооружените групи во последно време.

Од страна на организацијата Енсар Бејт ел-Макдис пак не е објавено било какво соопштение во врска со воздушниот напад. 

Египетската армија и полициските сили со образложение дека „реализираат напади против египетските безбедносни сили“ од септември 2013 година реализираат операции против вооружените групи кои ги оценуваат како „терористички“ пред се на Синајскиот полуостров и голем број други градови.



Слични вести