Во напад со хеликоптер врз цивилно населено место во Алепо 10 лица загинаа, а 30 се повредени

Хеликоптер во сопственост на сирискиот режим бомбардира цивилно населено место во градот Алепо и во нападот според првични претпоставки животот го загубија 10 лица, а 30 лица беа повредени

541905
Во напад со хеликоптер врз цивилно населено место во Алепо 10 лица загинаа, а 30 се повредени

Во реализиран напад од страна на хеликоптер на сирискиот режим врз цивилно населено место во квартот Енсари во градот Алепо според првични претпоставки животот го загубија 10 лица, а 30 лица беа повредени.

Во нападот реализиран со барел бомба се појави пожар во голем број куќи, работни места и возила.

Мртвите тела на загинатите и повредените беа извлечени од областа од страна на екипите за цивилна одбрана, а пожарот беше изгаснат од страна на пожарникарните екипи.

Силите на сирискиот режим 4 години како реализираат напади врз областите под контрола на опозиционерите во градот Алепо во кои се употребуваат ракети скад и вакум и касетни бомби.

Поради нападите на силите на сирискиот режим инфраструктурата во градот Алепо е целосно разрушена и патиштата се доведени во неупотреблива состојба.



Слични вести