Самубиствен напад на нафтено лежиште и станица за полнење гас во Ќерќук: 9 загинати

5 мина бомбаши-самоубијци на терористичката ДЕАШ кои се префрлиле во нафтеното лежиште Бај Хасан и во станицата за полнење гас Бај Џиван во близина на градот Керкук ги активирале бомбите на себе и во експлозијата животот го загубиле 9 лица

541708
Самубиствен напад на нафтено лежиште и станица за полнење гас во Ќерќук: 9 загинати

Во реализиран самоубиствен напад од страна на терористичката организација ДЕАШ на нафтено лежиште и станица за полнење гас во градот Керкук во Ирак животот го загубија 9 лица.

Според добиени информации од безбедносни извори 5 мина бомбаши-самоубијци на ДЕАШ кои се префрлиле во нафтеното лежиште Бај Хасан и во станицата за полнење гас Бај Џиван во близина на градот Керкук ги активирале бомбите на себе.

Терористите пред да ги експлодираат бомбите на себе убиле четворица вработени во станицата за полнење гас и поставиле бомби наоколу.

Големиот оган што избувнал по експлозијата во нафтеното лежиште се уште не можело да се изгаси.

Како што се истакнува од страна на курдските сили Пешмерги и полициските сили била целосно воспоставена безбедноста на нафтеното лежиште и станицата за полнење гас на приближно 20 километри од градот Керкук.



Слични вести