Обраќањето на претседателот преку телеконференција спречено од германскиот уставен суд

Митингот на демократијата против воениот удар

541529
Обраќањето на претседателот преку телеконференција спречено од германскиот уставен суд

Обраќањето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган преку телеконференција до граѓаните кои се собраа во германскиот град Келн по повод „Митингот на демократијата против воениот удар“ беше спречено со одлука на германскиот уставен суд.

Германските власти интервенираа на обраќањето на претседателот Ердоган на денешниот митинг преку телеконференција и џиновските екрани кој ќе се одржи во 15.00 часот во Deutzer Werft под покровителство на Платформата за демократија против воениот удар. Полицијата на Келн која не дозволи претседателот Ердоган да им се обрати на собраните поради безбедносни причини, претставниците на платформата најпрвин се обратија до локалниот суд, а откако добија негативен одговор, се обратија до повисокиот надлежен суд.

Високиот суд исто така донесе одлука со која ја поддржа полицијата, така да истата беше обжалена до Уставниот суд. Но за жал и уставниот суд на Германија ја подржа одлуката на полицијата и ја ратификуваше одлуката на судот.

Претседателот на Демократската унија на Турците во Европа Зафер Сарикаја рече дека одлуката е неприфатлива од правен аспект, бидејќи очигледно е дека станува збор за политичка одлука. Навистина зачудува фактот што на луѓето во демократските општества не им се обезбедува а ги пренесуваат своите идеи и мислења.



Слични вести