Началникот на американскиот Генералштаб Данфорд во изненадна посета на Ирак

Началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд пред посетата на Анкара за која се очекуваше да ја оствари денеска најпрвин допатува во изненадна посета на Багдад каде што се состана со ирачкиот премиер Хајдар ал-Ибади

541835
Началникот на американскиот Генералштаб Данфорд во изненадна посета на Ирак

Ирачкиот премиер Хајдар ал-Ибади ги прими во владината резиденција во Багдад началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд и делегацијата во негова придружба.

Според објавеното соопштение од кабинетот на ирачкиот премиер Ибади, началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд кој денеска допатува во изненадна посета на Ирак и премиерот Ибади разговарале за прашања посветени на операцијата за спасување на градот Мусул, поддршката на меѓународните коалициони сили на Ирак во неговата борба против тероризмот и зајакнувањето на солидарноста помеѓу двете земји во врска со обучувањето на ирачките безбедносни сили од страна на САД.

Началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд рекол дека ќе продолжи помошта на неговата земја на ирачката влада за враќање назад на областите под контрола на терористите и дека исто така ќе бидат намирани и потребите на Ирак по прашањето на борбата против тероризмот.

Од друга страна началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд утре ќе допатува во посета и на Анкара каде што ќе биде примен кај премиерот Бинали Јилдирим.

Според владини извори премиерот Јилдирим и Данфорд утре ќе се состанат во владиниот дворец на Чанкаја.



Слични вести