Европските Турци се собраа во Келн за митингот „Демократија против воениот удар“

Митингот во организација на Демократската платформа против воениот удар се одржува на плоштадот „Deutzer Werft“ во Келн и започна со интонирање на националните химни на Турција и Германија

541867
Европските Турци се собраа во Келн за митингот „Демократија против воениот удар“

Турците кои живеат во различни европски земји се собраа во градот Келн во Германија  за митингот „Демократија против воениот удар“.

Митингот во организација на Демократската платформа против воениот удар се одржува на плоштадот „Deutzer Werft“ во Келн и започна со интонирање на националните химни на Турција и Германија.

На митингот им беше оддадена почит со едноминутно молчење на жртвите-шехиди за време на обидот за преврат на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули и на загинатите во терористичките напади во Париз и Минхен.

На  митингот „Демократија против воениот удар“ кој што е поддржан од страна на приближно 100 здруженија ќе биде прочитано соопштение на германски и турски јазик.

Безбедноста на митингот каде што се применуваат безбедносни мерки од широк обем ја воспоставуваат 2.700 полицајци.

На митингот од Турција учествуваат и министерот за младина и спорт Акиф Чагатај Килич, поранешниот министер за земјоделство и сточарство и актуелен потпретседател на АК Партијата Мехди Екер и пратеникот на АК Партијата од Истанбул и претседател на собраниската Комисија за испитување на човековите права Мустафа Јенероглу. 

Од друга страна обраќањето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган преку телеконференција до граѓаните кои се собраа во германскиот град Келн по повод митингот „Демократија против воениот удар“ беше спречено со одлука на германскиот уставен суд.

Германските власти интервенираа на обраќањето на претседателот Ердоган преку телеконференција и поставените џиновски екрани за денешниот митинг кој започна во 15.00 часот според локално време на плоштадот „Deutzer Werft“ во Келн, под покровителство на Демократската платформа против воениот удар.

Откако полицијата на Келн која не дозволи претседателот Ердоган да им се обрати на собраните поради безбедносни причини, претставниците на платформата најпрвин се обратија до локалниот суд, но откако добија негативен одговор и од овде се обратија до повисок надлежен суд.

Откако и Високиот суд ја потврди одлуката на полицијата истата во текот на денот беше обжалена до Уставниот суд.

Меѓутоа и Уставниот суд на Германија ја оцени за правилна одлуката на полицијата и ја потврди претходно донесената одлука на судот.

Претседателот на Соузот на европски турски демократи  (УЕТД) Зафер Сиракаја рече: „Оваа одлука никако не може да се прифати од правен аспект. Мошне е јасно дека е политичка одлука. Луѓето да не можат да ги изнесуваат своите идеи и размислувања или да не се обезбеди можност за тоа кај демократските општества претставува навистина смисловен став.“

„Ние и покрај тоа што не се приклучуваме кон оваа одлука ќе постапиме согласно одлуката на судот.“ - рече Сиракаја.

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин изјави дека оваа одлука е неприфатлива.

„Се прашуваме која е вистинската причина и се надеваме дека германските органи ќе достават задоволувачко објаснување за спречувањето од страна на германските локални органи и Уставниот суд на објавувањето на пораката на господинот претседател Реџеп Тајјип Ердоган до нашиот народ кој напиша приказна за едно големо јунаштво и го одби обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули.“ - рече Калин.

Велејќи дека не може да се прифати тоа што овие надлежни органи кои во минатото остануваа неми пред акциите и протестите на сепаратистичко-терористичката организација сега еден митинг за демократија против воениот удар го доведуваат под сомневање со образложение дека „може да дојде до насилство“ и се обидуваат да го попречат овој митинг, Ибрахим Калин рече: „Безбедносните мерки не треба да се преземаат против оние кои одржуваат митинг за демократија, туку против приврзаниците на една терористичка организација и провокаторите против деморкатијата.“ 

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик исто така преку својата сметка на Твитер покажа реакција против спречувањето со донесена одлука од страна на германскиот Уставен суд на обраќањето на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку телеконференција на митингот „Демократија против воениот удар“ што се одржува вио германскиот град Келн.  

Министерот Омер Челик одлуката ја оценикако „отстапување од слободата на изразување и демократијата“.

На учесниците на митингот им беше прочитана и пораката на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган која со судска одлука беше спречена да им се достави на учесниците преку телеконференција.

Претседателот Ердоган во својата порака истакна дека уште од моментот кога беше слушнато за обидот за воен удар како секаде така и во Германија турските граѓани беа покрај Турција со своите молитви и мисли.

„Ја доставувам мојата благодарност до моите браќа кои излегоа на улиците во градовите во Германија каде што живеат и до утрото ја поддржаа својата земја. Ничија сила нема да биде додовлна да ја раскине онаа духовна врска меѓу нашите срца со моите браќа кои во моментов се собрани за митингот почит кон демократијата во Келн. Јас верувам дека нашиот народ на 15 јули им покажа на сите, и на пријателите и на непријателите дека никогаш нема да се откаже од својата независност.“ - истакна претседателот Ердоган во својата порака испратена до учесниците на митингот „Демократија против обидот за воен удар“ во Келн.



Слични вести