Заеднички протестен митинг од муслиманите и христијаните во Лион во Франција

Во знак на осудување на терористите напади кои што се реализираат во последните денови муслиманите и христијаните кои живеат во градот Лион во Франција одржаа заеднички протестен митинг

541331
Заеднички протестен митинг од муслиманите и христијаните во Лион во Франција

Муслиманите и христијаните кои живеат во градот Лион во Франција одржаа заеднички протестен митинг за осудување на терористите напади кои што се реализираат во последните денови во оваа земја.

За време на протестниот митинг во центарот на градот не беа извикувани слогани.

На почетокот на поворката на учесниците на протестниот митинг беше носен транспарент на кој пишуваше „Ќе победиме со братство.“

По тивкиот протестен митинг учесниците се разотидоа.

Француските медиуми му одделија значајно место на овој заеднички протестен митинг на муслиманите и христијаните.

Францускиот исламски совет (CFCM) во своето соопштение пред два дена упати повик до муслиманите во земјата во знак на солидарност да учествуваат на мисите кои оваа недела ќе се одржат во црквите во чест на свештеникот кој беше убиен во градот Сент Етиен ду Руврај.



Слични вести