Во воздушен напад во Ирак убиен помошникот на лидерот на терористичката организација ДЕАШ Багдади

Во воздушен напад за време на еден состанок на кој учествувале високи функционери на терористичката организација ДЕАШ во областа Ал-Каим во близина на границата со Сирија биле убиени помошникот на лидерот на ДЕАШ Ал-Багдади и десетина терористи

541260
Во воздушен напад во Ирак убиен помошникот на лидерот на терористичката организација ДЕАШ Багдади

Во воздушен напад Ирак убиен помошникот на лидерот на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир Ал-Багдади.

Според веста објавена во ирачката државна телефизија била реализирана воздушна операција за време на еден состанок на кој учествувале високи функционери на терористичката организација ДЕАШ во областа Ал-Каим во близина на границата со Сирија.

Во нападот освен помошникот на лидерот на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир Ал-Багдади биле убиени и десетина терористи, меѓутоа во веста не беа дадени информации во врска со идентитетот на убиениот помошник на Ал-Багдади.

Како што беше соопштено во нападот воедно бил целосно срушен магацинот за оружје во погодената зграда, три возила биле доведени во неупотреблива состојба и биле уништени две возила натоварени со експлозив.



Слични вести