Во напад на руски воени авиони во Алепо животот го загубија 6 цивили

Надлежни за цивилна одбрана истакнуваат дека руски џетови бомбардираа цивилно населено место во југозападниот дел на населеното место Етариб кај градот Алепо и дека во нападот животот го загубија 6 мина цивили, а десетици се повредени.

541176
Во напад на руски воени авиони во Алепо животот го загубија 6 цивили

Во реализиран напад од страна на руски воени авиони врз цивилно населено место во месноста Ибин во западниот дел на градот Алепо животот го загубија 6 цивили, а десетици се повредени.

Според добиени информации од надлежни за цивилна одбрана руски џетови бомбардираа цивилно населено место во месноста Ибин под контрола на опозиционерите во југозападниот дел на населеното место Етариб кај градот Алепо.

Како што се истакнува во воздушниот напад животот го загубија 6 цивили, а десетици беа повредени. Воедно се наведува дека поради нападот била причинета голема штета и во голем број куќи и работни места.

Освен тоа исти надлежни за цивилна одбрана велат дека руски воени авиони го бомбардирале и градскиот центар на Алепо. 

Руски воени авиони и вчера го бомбардираа населеното место Етариб кај градот Алепо и во овој воздушен напад животот го загубија 22 лица, а 50 лица беа повредени.

Сириската државна телевизија соопшти дека додека продолжува бомбардирањето на Алепо десетици семејства го напуштиле градот.

Руското министерство за одбрана претходно соопшти дека ќе бидат отворени три коридори за напуштање на градот од страна на цивилното населеное, на што пак ОН покажаа остра реакција.

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура во врска со ова рече: „Прашањето на формирање хуманитарни коридори Русија треба да им го препушти на ОН. Тоа е наша работа.“



Слични вести