Предупредување од амбасадорот на РТ во Киев против ФЕТО

Како во Турција, така и мерките што ќе се преземат во Украина треба да се извршат во законски рамки и согласно правните регулативи

541195
Предупредување од амбасадорот на РТ во Киев против ФЕТО

Амбасадорот на РТ во Киев Џан Тезел предупреди дека треба да се преземат мерки против терористичката организација Фетулахчи (ФЕТО) во Украина.

На прес конференцијата што ја одржа во Киев, амбасадорот Тезел покрај тоа што ја информираше јавноста во врска со случувањата во Турција, во врска со борбата против припадниците на заедницата Фетулах Ѓулен рече:

Терористичката организација има низа тајни врски во голем број земји.

Членовите на заедницата делуваат во над 150 земји, рече амбасадорот Тезел и потенцираше дека и Украина се наоѓа на листата на земјите за кои постои сомнение дека организацијата има поврзаност и со оваа земја.

Се надевам и верувам дека раководството на украинската држава ќе има сериозен пристап кон случувањата и дека ќе ги преземе потребните мерки.

Прашањето може да прерасне во национално безбедносно прашање за Турција и соседните земји, предупреди Тезел и додаде:

Како во Турција, така и мерките што ќе се преземат во Украина треба да се извршат во законски рамки и согласно правните регулативи.

Случувањата ноќта на 15 јули, претставуваат единствен пример во современата историја кога луѓето и покрај тенковите и воените авиони, излегоа на улиците и го спречија обидот за воен удар, рече амбасадорот Тезел и подвлече дека турскиот народ постигна голем напредок на патот на демократизацијата, поради што не сака да се враќа назад.

Украина уште од почетокот ја изнесе својата поддршка на избраната влада на Турција против обидот за државен удар, рече Тезел и го изрази задоволството на земјата од поддршката на пријателска и стратешкиот партнер Украина.

Исто така немаме никакви безбедносни проблеми од аспект на туризмот, подвлече Тезел и додаде дека нема никакви неповолности кои евентуално би можеле да се одразат врз секојдневниот живот на граѓаните и туризмот.



Слични вести