Екстремно-десничарскиот германски пратеник Вернер Клавун стана муслиман

Пратеникот на екстремно-десничарската Национална демократска партија (НПД) во Германија Вернер Клавун на 75-годишна возраст стана муслиман и го примени своето име во Ибрахим

541118
Екстремно-десничарскиот германски пратеник Вернер Клавун стана муслиман

Пратеникот на екстремно-десничарската Национална демократска партија (НПД) во Германија Вернер Клавун на 75-годишна возраст стана муслиман.

Вернер Клавун кој претходно беше познат како противник на миграцијата и пигрантите сега стана најголем поддржувач на мигрантите кои доаѓаат од Сирија, Ирак и Авганистан.

Германскиот пратеник Вернер Клавун кој своето име го промени во Ибрахим во интервју за германскиот весник „Билд“ истакна дека откако ги прочитал делата на големиот германски поет Јохан Волфганг фон Гете збирката „Западно-источен Диван“ и неговите песни со пофалби за исламот и неговиот пејгамбер Мухамед (с.а.в.) посакал одблизу да го запознае исламот и потоа откако ја прочитал светата муслиманска книга Куран-и Керим на германски одлучил да стане муслиман.  

Велејќи дека откако го примил исламот неговите мислења целосно се измениле, Клавун рече: „Помислив дека нема да биде доволно како член на една екстремно-десничарска партија која е настроена против исламот и муслиманите само да ја прекинам мојата врска со минатото. За да ги избришам трагите на минатото посакав да направам поголеми работи. Почнав да им помагам на мигрантите.“ 

Вернер Клавун истакна дека откако во 2004 година неговата жена ги зела и децата и го напуштила почнал во својата куќа да згрижува четворица бегалци од кои двајца Сиријци од 18 до 30 годишна возраст и  овие мигранти станале негово семејство.

Клавун додаде дека онака како што тој порано им помагаше ним сега тие му помагаат нему.



Слични вести