Турците во Њујорк од Вашингтон побараа да го екстрадираат Фетулах Ѓулен

Ѓулен е закана за САД

540261
Турците во Њујорк од Вашингтон побараа да го екстрадираат Фетулах Ѓулен

Турците во Њујорк од Вашингтон побараа да го екстрадираат Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација Фетулахчи / паралелни државни структури ФЕТО/ПДЈ на Турција, кој на 15 јули се обиде да изврши воен удар во земјата.

Турците кои се собраа пред еден центар на 5-та авенија поврзан со терористичката организација, со турски знамиња во рацете и транспаренти ба кои на англиски пишуваше „Ѓулен е закана за САД“, „Ѓулен Америка ја користи како политички штит и безбедносно пристаниште“ и „Ѓулен е најбараниот терорист во Турција“, го осудија обидот за воен удар.

Јусуф Неџати Озер, потпретседателот на Турско-американското здружение со седиште во Њу Џерси кое го организираше протестот рече дека скоро 14 дена како не спијат како што треба, со цел да ја изразат својата поддршка на граѓаните во Турција кои исто така не спијат и ја бранат демократијата.



Слични вести