Чекор назад од американскиот командант Вотел по острата реакција на претседателот Ердоган

Американскиот командант на Централната комада на САД (CENTCOM) Џозеф Вотел истакна дека Турција долги години е извонреден и мошне значаен партнер и дека со нестрпливост очекува да соработува со Турција во војната против терористичката организација ДЕАШ

540656
Чекор назад од американскиот командант Вотел по острата реакција на претседателот Ердоган

Чекор назад од американскиот командант на Централната комада на САД (CENTCOM) Џозеф Вотел чии последни зборови во врска со приведените генерали во врска со обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ наидоа на остри критики од страна на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

Џозеф Вотел истакна дека тврдењата во врска со тоа оти е поврзан со обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ во Турција се невистинити.

Велејќи дека Турција долги години е извонреден и мошне значаен партнер, Вотел напомена дека со нестрпливост очекува да соработува со Турција во војната против терористичката организација ДЕАШ.

Тоа што американскиот командант на Централната комада на САД (CENTCOM) Џозеф Вотел пучистите кои се приведени заради учество во предавничкиот бунт на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ на 15 јули ги окарактеризира како „генерали со кои се во контакт“ наиде на остра реакција од страна на политичарите во Турција на чело со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Во меѓувреме на 31 јули во недела во посета на Турција ќе допатува началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд кој во рамките на своите разговори во Анкара ќе ги посети и американските војници распоредени во воената база Инџирлик во Адана.

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар минатата недела оствари телефонски разговор со началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд од кого побара поддршка по прашањето на екстрадицијата на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ кој се наоѓа во Пенсилванија во САД.



Слични вести