Правилно и значајно земјата која е изложена на обид за државен удар, да води беспоштедна борба

Турција е многу значајна земја во борбата против тероризмот

539799
Правилно и значајно земјата која е изложена на обид за државен удар, да води беспоштедна борба

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека е правилно и значајно земјата која е изложена на обид за државен удар, да води беспоштедна борба против пучистите со сите средства на правната држава.

На прес конференцијата што ја одржа во Сојузната куќа на печатот, Меркел рече дека активно ги следи случувањата во Турција.

На едно прашање на новинарите: Дали наскоро ќе одржи средба со претседателот Ердоган, Меркел рече дека најдоцна во септември ќе се состанеме на Самитот на Г20.

Турција е многу значајна земја во борбата против тероризмот, рече Меркел и потенцираше дека Турција направи многу примерни работи во врска со бегалците и мигрантите. Говориме за 3 милиони бегалци во Турција.

Секако дека материјалната поддршка на ЕУ на Турција е многу правилен чин и како резултат на договорот за бегалците меѓу Турција и ЕУ, беше спречен илегалниот влез на мигрантите во земјите членки на ЕУ. Затоа Турција е многу значаен партнер, подвлече Меркел.

Со претседателот Ердоган честопати разменивме мислења во врска со борбата против терористичката организација ПКК, рече Меркел и додаде дека ПКК е забранета организација во Германија и е вброена на списокот на терористички организации. Активно ги следиме сите досиеја против оваа организација, рече Меркел.



Слични вести