Заедничка манифестација на Сиријците и Турците во Лондон по обидот за воен удар на 15 јули

Манифестацијата што се одржа во Гринфорд со поддршка на Сојузот на европските турски демократи (УЕТД) во Велика Британија започна со клањање на џеназе намаз (погребен намаз) во отсуство за жртвите-шехиди за време на спречувањето на обидот за воен удар

536740
Заедничка манифестација на Сиријците и Турците во Лондон по обидот за воен удар на 15 јули

Сиријците и Турците кои живеат во Велика Британија со организирана заедничка манифестација во Лондон го одбележаа спречувањето на обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО.

Манифестацијата што се одржа во Гринфорд со поддршка на Сојузот на европските турски демократи (УЕТД) во Велика Британија започна со клањање на џеназе намаз (погребен намаз) во отсуство за жртвите-шехиди за време на спречувањето на обидот за воен удар.

Потоа учесниците на манифестацијата ги испеаја националните химни на Турција и Сирија.

На манифестацијата учествуваше и амбасадорот на Турција во Лондон Абдуррахман Билгич кој истата ја окарактеризира како „демократска прослава“.

Амбасадорот Абдуррахман Билгич рече: „Нашите сириски браќа се за да ја покажат својата солидарност со Турција и да ја изнесат својата поддршка. Ние сите сме сплотени и обединети. Духот на солидарност на плоштадите во Турција се доживува со сите бои и убавини и во Велика Британија.“

Претставникот на Мир и правда за Сирија, граѓанската организација организатор на манифестацијата, Мухамед Нажар истакна дека целта е да се достави пораката за солидарност со турскиот народ и владата кои го спречија обидот за воен удар.



Слични вести