Експлозија во Ансбах во Германија: Најмалку едно лице загина, а 11 лица се повредени

Во градот Ансбах каде што се одржуваше музички фестивал дојде до експлозија во која загина најмалку едно лице, а 11 лица се повредени

537128
Експлозија во Ансбах во Германија: Најмалку едно лице загина, а 11 лица се повредени

Во експлозија во еден ресторан во градот Ансбах во покраината Баварија во Германија загина најмалку едно лице, а 11 лица се повредени.

Во првите дадени изјави беше истакнато дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас.

Од покраинското министерство за внатрешни работи пак пристигна изјава во правец на тоа дека случајот би можел да претставува планиран напад.

Поради експлозијата е откажан музичкиот фестивал во областа од каде што се евакуирани 2 илјади лица кои дошле за фестивалот.

Од друга страна продолжува и истрагата во врска со вооружениот напад на 22 јули во градот Минхен во кој загинаа 9 лица од кои тројца Турци, а 27 лица беа повредени.

Во рамките на истрагата е уапсен еден другар на 18 годишниот напаѓач од иранско потекло Али Давид Сонболи.

Како што се вели 16-годишниот другар на Сонболи бил уапсен бидејќи и покрај тоа што знаел за нападот за тоа не ја известил полицијата.

Исто така е откриено дека извршителот на вооружениот напад во Минхен овој напад го планирал една година.

Надлежни стојат на можноста дела напаѓачот можеби потпаднал под влијание на нападот во 2009 година кога едно 15-годишно дете во Германија уби 15 лица. 

Од друга страна беше соопштено дека Сонболи имал психички проблеми и минатата година во текот на два месеци бил на лекување.

Продолжува и жалоста по вооружениот напад во Минхен каде што голем број го посетуваат местото на вооружениот напад.

Жителите на градот на местото на нападот во чест на жртвите положуваат цвеќиња и палат свеќиња.

Исто така во црквите се пеат молитви за загинатите во нападот.



Слични вести